Радио Канал 77 започна со работа на 4 октомври 1991 година во Штип, а во 1997 година стана првиот национален радиоконцесионер во Македонија. Од седиштето во Штип и студиото во Скопје, каде што се слуша на 89,7 MHz, преку мрежа од 21 предавател стигнува до секој дел од земјата. Тоа е единственото македонско радио специјализирано за вести и информативна програма.