Метрополис радио е приватна радиостаница со национална концесија, во етер од 2007 година. Заедно со Антена 5 и Канал 77, тоа е едно од трите приватни радија што ја покриваат целата територија на Северна Македонија. Програмата му е свртена кон современи хитови и забава за широка публика.